Тој на седницата на комисијата за воена индустрија ги пофали успесите на руските производители на оружје, пренесува агенцијата ТАСС.

Објавил: Перо Милчин | 19 септември, 2020 12:23

ПУТИН ПРОЗБОРЕ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА РУСКОТО ОРУЖЈЕ: На многу држави ова нема многу да им се допадне!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Руското оружје е пред странските модели, а според некои карактеристики е уникатно, објави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој на седницата на комисијата за воена индустрија ги пофали успесите на руските производители на оружје, пренесува агенцијата ТАСС.

– Според некои карактеристики, на нашето оружје му нема рамно во светот, тоа е апсолутно очигледно, истакна Путин.

Путин на сите вработени во одбранбениот сектор им го честиташе Денот на производителите на руско оружје, што се одбележува на 19 септември.

Русија своите сили ги насочи на продажба на вооружување на југоисточна Азија, за да ги зајакне економијата и дипломатските односи, иако веќе некое време е под санкции на Западот, пишува јапонски Никеи ејжан ривју.

Амбасадорката на Русија во Џакарта, Људмила Воробјова, изрази голема надеж дека Индонезија ќе купи руски ловци Су-35. Владата на Индонезија во 2018 година потпиша договор за купува 11 авиони во вредност од 1,1 милијарда долари, без оглед што Америка се закани со поголеми санкции против Џакарта ако се реализира купувањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.