По Турција и моќната руска федерација по најава од претседателот Путин ќе го исфрли од употреба американскиот долар, се очекува трендот да продолжи со истородни мерки и од Кина

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 12:47

Путин: Русија ќе го отфрли американскиот долар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По одлуката за забрана за користење на американскиот долар од страна на претседателот на Турција, Таип Ердоган, кон бојкотот се приклучува и моќната руска федерација на барање на претседателот Путин.

Како што изјавил Путин, морале што побрзо да ја обезбедат економијата на земјата, но и националната безбедност.

Правиме де-доларизација на економијата. Ние тоа не го правиме затоа што сакаме да го поткопаме доларот, туку затоа што сакаме да се обезбедиме. Постојано се соочуваме со санкции, тие на нас не ни даваат прилика да работиме и да тргуваме со доларот. – изјавил Путин.

Претседателот Путин индиректно најави дека тоа очајно ќе влијае врз американската економија, но дека Русија е свесна за тоа.

Ќе биде можно да се отфрли доларот, а штом ќе се случи тоа, тие ќе имаат тешки времиња. – додал Путин.

Рускиот претседател изјавил дека САД присилуваат одедени земји да го напуштат доларот во меѓународните плаќања.

Ова е типична грешка на империја. Нашите американски пријатели си ја поткопуваат довербата во доларот како единствена валута.  – додал Путин.

Неофицијално до крајот на годината иста мерка на бојкот на американскиот долар се очекува да објави и Кина, со што САД ќе изгубат над 50 отсто од трговскиот пазар во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести