На почетокот на својот говор, рускиот претседател потсети на значењето на јубилејот - 75-годишнината од уништувањето на нацизмот и основањето на ООН.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2020 14:08

ПУТИН ЈА ПОНУДИ РУСКАТА ВАКЦИНА БЕСПЛАТНО ЗА СЛУЖБЕНИЦИТЕ НА ООН: Вакцината треба да биде достапна за сите!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Sputnjik,

Русија е отворена за партнерство во борбата против вирусот и предлага да се одржи видео конференција за вакцините. Тој предложи на официјалните претставници на ООН да им се даваат бесплатни вакцини против вирусот.

“Русија е подготвена да им ја обезбеди на службените лица на ООН целата неопходна квалификувана помош. Меѓу другото, ние предлагаме бесплатно да ја предадеме нашата вакцина за доброволно вакцинирање на службеници на ООН и нивните сектори”, рече рускиот лидер на видео-конференцијата по повод 75-годишнината од Обединетите нации.

Организација на обединетите нации (ООН) или само Обединети нации — меѓународна организација основана на 20 јуни 1945 во Сан Франциско. Сепак како ден на нејзиното основање се слави 24 октомври. Обединетите нации произлегуваат од претходната организација Друштво на народите основана во 1919 г. Седиштето на ООН се наоѓа во Њујорк, САД. Во неа моментално членуваат 192 држави. Со исклучок на Ватикан (која е единствена држава постојан набљудувач), сите меѓународно признати и независни држави се членки. Други политички ентитети, имено Република Кина (Тајван), Демократската Република на Арапска Сахара, (Западна Сахара) и Палестина, имаат де факто независност и/или одредено меѓународно дипломатско признание од одредени држави, но не се членки на ООН. Членството на Обединети нации е отворено за сите мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските на Повелбата на Обединетите нации и според оценката на организацијата, се способни и имаат желба да ги исполнат тие обврски. Генералното Собрание го одредува приемот по препорака на Советот за Безбедност. Името „Обединети нации“ го дал Френклин Рузвелт за време на Втората светска војна како групна референца за сојузничките сили. Првата формална употреба се наоѓа во Декларацијата на Обединетите нации од 1942 година која ги обврзала сојузниците кон принципите на Атлантскиот пакт и ги обврза да не бараат посебни мировни преговори со Силите на Оската. Името било пренесено на новата организација која била воспоставена од победниците на војната во рамки на одредбите на Атланскиот пакт и други договори.

Рускиот лидер истакна дека вакцината против вирусот корона треба да биде достапна за сите во догледно време.

На почетокот на својот говор, рускиот претседател потсети на значењето на јубилејот – 75-годишнината од уништувањето на нацизмот и основањето на ООН.

Повелбата на ООН останува главен извор на меѓународното право, но, според рускиот лидер, ООН мора да се менува во согласност со реалноста.

“Нацизмот беше поразен во 1945 година, идеологијата на агресија и омраза беше уништена. И искуството и духот на сојузот, разбирањето на огромната цена платена за мирот и заедничката победа, овозможија да се изгради повоен светски поредок. Неговата безусловна основа беше Уставот на ООН , што остана главен извор на меѓународното право до денес “, додаде тој.

Посочи дека засега не е можно да се процени степенот на загуба како резултат на вирусот корона. Глобалната економија ќе закрепнува долго време”, рече Путин и додаде дека за тоа ќе бидат потребни нестандардни решенија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.