Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои.

Објавил: Владо Марин | 19 септември, 2020 15:20

Пуштени 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните болести кај децата и адолесцентите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска пуштивме 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните болести кај децата и адолесцентите, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Нема поголемо задоволство кога дете насмеано и здраво заминува од болница.  Нема посреќно чувство во тие моменти за неговите родители, другарчиња, најблиски.

Децата ни се сѐ во животот и даваме максимум за нивна насмевка, вели министерот!

Децата ни се сѐ во животот и даваме максимум за нивна насмевка, вели министерот!

Многу сум горд на тимот од Клиниката за детски болести, затоа што успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%. Имаме врвен стручен тим од лекари со кои треба сите да се гордееме.

Денеска пуштивме 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните болести кај децата и адолесцентите.

Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои, потенцираше Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...