Имено како што објави српски „Блиц“, таа во Швајцарија била задржана нешто повеќе од шест часа поради проверка за на крајот да не и биде дозволено да влезе во земјата. Пејачката била депортирана накај Белград од аеродромот во Цирих.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 ноември, 2019 15:24

Рада Манојловиќ доживеа пекол- пејачката депортирана од Швајцарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Радмила Манојловиќ, доживеа пекол откако цели шест часа била испитувана и на крајот била депортирана од Швајцарија каде требала да настапува.

Рада Манојловиќ се почесто изненадува со својот изглед, фановите почнаа да реагираат дека направила премногу корекции

Имено како што објави српски „Блиц“, таа во Швајцарија била задржана нешто повеќе од шест часа поради проверка за на крајот да не и биде дозволено да влезе во земјата. Пејачката била депортирана накај Белград од аеродромот во Цирих.

Сексипилната пејачка која краде воздишки, Рада Манојловиќ стана популарна после шоуто на „Ѕвездите на Гранд“. Таа требаше да настапува во Швајцарија, но како што објави српски Блиц, бидејќи немала виза не и било дозволено да одржи настап пред своите обожаватели.

Според информациите до кои дојде српскиот портал, Рада во 17 часот била приведена за проверки и веднаш потоа од аеродромот во Цирих депортирана во Белград.

Имав виза, се беше платено и отпечатеноо, платен и данок за мојот настап, а не ме пуштија затоа што немам работна виза во пасошот. Немам виза во пасошот затоа што тие не работеа поради Ноќта на вештерките. Многу ми е жал за публиката. Јас концерти не откажувам ниту кога сум мртва болна. Настапот повторно ќе го закажеме, овој пат нема да биде празник се надевам. Бирократија е тоа, не сум прва ни последна со ваков проблем – рекла пејачката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.