Претседателот на СДСМ Заев може и да се извини но Премиерот Заев не смее во име на Македонија да тврди дека Илинденското е бугарско а не Македонско востание

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 12:54

Радев: “Како Претседател на Бугарија барам анекс на Договорот со Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заев со дипломатско фијаско од историско непознавање до политичко “самоубиство” во односите со Бугарија од каде претседателот Радев бара официјален документ за извинување и анеск на Договорот меѓу двете земји.

Бугарскиот претседател очекува неговата земја да спроведе мерки за санкционирање на Македонија нагласувајќи дека Бугарија ги има сите основи за склучување за дополнителен анекс Договор за промена на односите со Македонија.

Претходно во петокот премиерот Заев им се извини на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов како и на “пријателите и браќата” Бугари со свој фејсбук статус за зборовите кажани во телевизиското интервју на 1ТВ на 4-ти август дека Илинденското востание е Mакедонско.

Овој пост следува еден ден по предупредувањето од Борисов дека “кога ќе дојде време Бугарија да го искаже своето мислење за пристапување на Македонија кон ЕУ ќе се сети на овие зборови и ќе донесе своја одлука”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести