вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Авиокомпанијата е петта по големина во целиот свет, оперира на 209 одредишта во 81 земја. Луфтханза ја има втората најголема флота на авиони во светот!

Објавил: Владо Марин | 16 мај, 2020 19:18

РАДОСНА ВЕСТ: Луфтханза ги обновува летовите, достапни над 130 дестинации!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Луфтханза во јуни планира да ги обнови летовите во повеќе од 130 дестинации во светот, соопшти германската авиокомпанија.

Билетите од авиокомпанијата се во продажба од вчера.
Сите членки на групата ќе изведуваат 1.800 летови неделно до крајот на јуни, соопшти раководството!

Летовите ги обновуваат и другите членки на групата СВИС, „Јуровингс“ и „Брисел ерлајнс“, пренесува Хина.

Компанијата беше основана на 6 јануари 1926 година во Берлин. На 9 декември 1927, по договор на Германската и Шпанската влада, Луфтханза започнува со редовна линија помеѓу Берлин и Мадрид. Со овој договор, исто така е предвидено и креирање на Шпанска авиокомпанија, Иберија. Во годините пред втората светска војна, Луфтханза започнува со летови до далечниот Исток, северна и јужна Америка, но со завршувањето на втората светска војна сите линии се суспендирани.

Луфтханза преговара со германската влада за програмата за помош од девет милијарди евра од германскиот фонд за економска стабилизација за надминување на последиците од пандемијата Ковид-19!

Луфтханза АГ е најголемата авиокомпанија во Европа во смисла на превоз на патници и национален авиопревозник на Германија. Името на компанијата потекнува од “Luft”, германски збор за воздух, и “Hansa”, моќна средновековна трговска компанија.

Авиокомпанијата е петта по големина во целиот свет, оперира на 209 одредишта во 81 земја. Луфтханза ја има втората најголема флота на авиони во светот.

Седиштето на авиокомпанијата е во Келн, Германија, додека централниот аеродром кој го користи авиокомпанијата е аеродром Франкфурт, со втор хуб аеродром Минхен. Луфтџанза е првиот член на Star Alliance, најголемата светска алијанса на авиокомпании. Star Alliance беше формирана во 1997 година заедно со Thai Airways, United Airlines, Air Canada и SAS Scandinavian Airlines System.

Моментално, Star Alliance има 20 членови и 3 регионални члена. Луфтханза оперира со преку 400 авиони и вработува 105,261 луѓе ширум светот. Во 2007 година, 83.1 милиони патници летаа со Луфтханза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.