Како што соопштија од Министерството, новите возила се опремени со најсовремена медицинска опрема.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2019 18:48

Разликата е очигледна: Во 2019 година набавени се 12 возила за Итна помош, а во 2012 година дури 70 возила

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Министерството за здравство соопшти дека се набавени нови 12 возила на Итната медицинска помош, од кои шест се за во Скопје.

Како што соопштија од Министерството, новите возила се опремени со најсовремена медицинска опрема. Предвидено е шест од вкупно 12/те амбулантни возила да бидат наменети за главниот град Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив. Од Министерството за здравство известија дека при набавката на новите амбулантни возила успеале да заштедат 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра. Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12-те возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ).

Во 2012 година беа набавени дури 70 возила на Брза Помош, што беше историска набавка во Македонија

Од Министерството за здравство, соопштија дека примарната здравствена заштита е основа на здравствениот систем и затоа зајакнувањето на нејзините капацитети е од круцијално значење за подобрување на здравствената заштита на граѓаните во нашата држава.

Со новите 12 возила на Итната медицинска помош, за пациентите овозможуваме неопходната здравствена услуга да ја добијат многу побрзо и таа да биде уште поквалитетна. Дополнително, во голема мера ги подобруваме и условите за работа на здравствените работници, стои во соопштението.

Се чека регистрација на новите набавени возила,па за неколку денови тие ќе бидат пуштени во употреба.

Но ова е прва набавка на возила по онаа во 2012 година кога тогашната актуела власт, успеа да набави дури 69 амбулантни возила од кои 44 беа само за Скопје, а едно од нив беше педијатриско возило наменето за Клиниката за детски болести. 

За Македонија тоа беше историска набавка, за која беа потрошени 4,5 милиони.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.