„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јануари, 2022 9:08

РАЗОЧАРАН СУМ ПРЕМНОГУ: Еве што рече Новак по одлуката на Австралискиот суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ѓоковиќ требаше утре да го почне настапот на Австралијан опен, првиот гренд слем во годината, но сега веќе нема да може да ја брани титулата.

Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Засрамен сум што последните неколку недели целото внимание беше насочено кон мене и се надевам дека сега ќе можеме да се фокусираме на натпреварите и турнирот што го сакам. Би сакал да им посакам успешен турнир на играчите, натпреварувачките работници, волонтерите и навивачите ширум светот.

И, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и сонародниците за нивната постојана поддршка. Тоа ми даде многу сила, се вели во првичната реакција на Ѓоковиќ по одлуката за негова депортација од Австралија.

Малтретирањето на Србинот во Мелбурн започна на 5 јануари по пристигнувањето за да учествува на Австралија опен, кој започнува утре, 17 јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.