Се креираат теории на заговор околу тепачката во Шутка

Објавил: Узунов Бобан | 22 февруари, 2019 21:45

Разузнавачот Диневски: Груевски ја нарача тепачката во Шутка

Фото/Текст извор: ©1тв / магазин

Сметам дека овој случај треба внимателно да се истражи. Не би бил толку строг за давање на една оценка пред да се сите елементи, бидејќи со оглед на тоа што тие прошетки се под видео надзор и постои видео снимка, има тука и присутни, било притворени, било службени лица кои што ќе напишат во изјавите што всушност се случило.  

Значи не е проблем што овие лица биле со други притворени лица од Диво Насеље, бидејќи според моја последна информација, Миле Јанкиески и претходно бил со истите тие лица и немало никаков проблем. Според мене се работи за исцениран инцидент со одредени цели и намери кои што ги сместувам во еден поширок контекст, а тоа е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по активирањето на вториот дел од судскиот процес за настаните од 27 април“, рече во Централниот дневник на 1ТВ Александар Диневски, екс разузнавач и сопственик на ДИА (Детективска информативна агенција), во врска со последните инциденти во истражниот затвор „Шутка“.  

Диневски во 90-тите беше дел од информативниот центар на партијата, познат како КСИО. Инаку, тој речиси целиот свој работен век го поминал како дел од безбедносните служби во Македонија, пред се во Службата за државна безбедност.
Тој е еден од познатите „осуммина од МВР“, кои пред распадот на Југославија ја најавија демократизацијата на земјава.
Тој последните години имаше сопствена приватна детективска агенција.

Претходно имаше една нервозна и жестока реакција од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, која што по сите сегменти, по вокабуларот, по интонацијата и по оценките кои што ги изрече излегува од рамките на една нормална политичка борба. Неговата реакција беше директен повик на реакции на отпор токму во моментот кога се активира случајот со 27 април. Очигледно дека таа судска постапка многу погодила некого, пред се неформалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Инцидентите се случиле, според информациите по вина на Јанакиески и Спиро Ристовски. Не издржаа ни 24 часа во притвор и веќе самите предизвикаа инциденти. Е сега тука, кога би барале одговорност од затворот, од управата, можеби постои одговорност во тие две насоки – прво, при распределбата во кои ќелии ќе бидат притворените лица (Јанакиески и Ристовски) и второ, што не го спречија вториот инцидент кога веќе настана првиот инцидент. Лично сметам дека ова е сценарио директно нарачано од Никола Груевски и преку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за предизвикување на еден ваков инцидент, со цел да се оправда неговото бегство во Унгарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести