Срамен гест ја понижи Македонија, кога од бодовната табла беше симната кратенката MKD и се појави нова, FYR (Поранешна Југословенска Република) во која изостаба М за Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 18:35

Ракометарите загубија, Македонија стана FYR

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз во рамките на квалификациите за Европското првенство  и на гостувањето во Кожани загуби од домаќинот Грција со 26:28.

Натпреварот од европските квалификации кој се одигрува попладнево во грчко Кожани, помеѓу Грција и Македонија неколку минути беше без бодовна табла поради промена на кратеницата од „MKD“ во „FYR“.

На корекциите за кои никој од официјалните преставници на Македонската ракометна федерација не реагираше се поставува прашањето за какви гаранции за употреба на акронимот MKD и МК согласно Преспанскиот договор говореше премиерот Заев. 

Македонија преку спортот замина во историјата на заборавот?!

Иако се очекуваше лесна победа над ракометниот аутсејадер, македондските ракометари дозволија да бидат поразени иако голманот Никола Митревски имаше над 12 одбрани.

Почетокот на натпреварот навестуваше убедлива победа на Македонија затоа што во воведните минути имаше предност од четири гола (5:1).

Но грешките во нападите ги вратија Грците во игра на мечот, и кон средината на првиот дел изедначија на 8:8, а оттогаш до крајот се играше максимално изедначено. На полувремето Македонија поради гол на Талески со звукот на сирената имаше позитива од еден гол (13:12).

Во 45.минута Македонија уште имаше предност, но минимална од 20:19. Во 50 минута од мечот, Грција првпат поведе по почетната предност од 1:0 со 23:22, но веќе во 54 минута имаше два гола предност (25:23). По двата не реализирани напада на двете страни

Никола Маркоски реализира за 24:25, Митревски одбрани, но Прибак згреши, а Цирас од пенал ја запечати победата на Грција.

Македонија во наредното коло од квалификациите за ЕП 2020 кое се игра во април ќе гостува во Рејкјавик кај Исланд. За Грците ова беше прва победа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.