Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов предмалку најави промена на планот во врска со слетувањето во Скопје на ракометарите.

Објавил: Весна Петровска | 3 јуни, 2019 19:06

Ракометарите испратија порака: „Не се грижете, добри сме, на здравје“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Шамппионите се освежуваат со пиво додека го чекаат авионот за Скопје. Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер порачаа на социјалните мрежи „Не се грижете, добри сме, се гледаме во Скопје. На здравје!“.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов предмалку најави промена на планот во врска со слетувањето во Скопје на ракометарите.

– Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот – напиша Шилегов.

Агендата на црвено-црната армија е следнава:

Црвено-црните херои денеска слетуваат на скопскиот аеродром. Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!

Со повик за пречек се јави и навивачката група Комити.

-Во кратки црти за Пречекот на Хероите и Парадата на Гордоста ДЕНЕС:
– Собир: 17:00ч. пред сала Јане Сандански!
– ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ КОИ НЕМААТ СОПСТВЕНИ ВОЗИЛА!
– ГРАТИС СКОПСКО ПИВО – На Собир пред сала за сите !!!
– НОЌНИ ВОЛЦИ ќе го предводат конвојот !!!
– ЗАЕДНИЧКО ПОАЃАЊЕ: околу 17:30ч.
– Авионот со Шампионите пристигнува околу 18:30ч.
– По кратката дружба на Аеродромот заедно се упатуваме со ИЛЈАДНО ДЕФИЛЕ од автомобили, автобуси, мотори, кон СТО ИЛЈАДЕН ПРЕЧЕК КОН ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА !!!

МОБИЛИЗАЦИЈА ЦРВЕНО-ЦРНА АРМИЈО !!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.