Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов по вторпат ја подигна титулата европски шампион.

Објавил: Перо Милчин | 9 јуни, 2019 10:14

Ракометниот шампион Стојанче Стоилов доби булевар со негово име „Столе Стоилов 5“!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од вчера во Кафе ресторанот „Рустинка“, кој е во сопственост на братот на Стоилов, Стефан Стоилов, пишува Булевар „Столе Стоилов 5“. 

Фановите од нашиот ракометен шампион, дадоа голема поддршка за оваа одлука од неговиот брат, да се има булевар кој ќе го носи името „Столе Стоилов 5“.

РК „Вардар“ е убедливо најтрофејниот машки ракометен клуб во Македонија, со освоени бројни трофеи во првенството и во купот. Во сезоната 2013/2014, клубот добил нова раководна структура: Нов сопственик на клубот станал Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски станал почесен претседател.

Стојанче Стоилов е македонски ракометар кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација, кој по втор пат ја освои европската титула во ракомет.

РК Вардар е двократен и моментално актуелен шампион на Европа и повеќекратен освојувач на Македонската ракометна Супер лига и на Македонскиот Куп.

Ракометниот клуб „Вардар“ е основан во 1961 година, како дел од спортското друштво „Вардар“ и во тоа време редовно настапувал во ракометнала лига на Македонија и во Втората југословенска лига.

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.