Имено напаѓачот од редовите на Јувентус, не ги заборавил и најсиромашните и донирал 1.5 милиони долари за помош на луѓето од Палестина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 мај, 2019 23:20

Рамазански подарок: Роналдо донираше 1.5 милиони долари за децата во Палестина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот фидбалер, кој е миленик на женсата публика Кристијано Роналдо продолжува со своите хумани гестови.

Имено напаѓачот од редовите на Јувентус, не ги заборавил и најсиромашните и донирал 1.5 милиони долари за помош на луѓето од Палестина.

Роналдо донираше 1.5 милиони долари за Палестина

Парите ќе одат за оние од местото Газа кои постат за време на глемиот муслимански празник Рамазан. Арапските медиуми објавија и изразија благодарност до познатиот фудбалер.

Наводно Роналдо решил да даде огромна сумата на пари за лицата од Газа поради неговата поврзаност со Палестина, откако и во минатото зборуваше за страдањето на Палестинците.

Инаку до сега Роналдо неколку пати ја покажа својата хуманост на дело, а ова не е прв пат да помогне за Палестина.

Во 2012 година Португалецот го воодушеви светот откако ја продаде својата златна копачка за 1.5 милиони долари. Изненадувачки за сите беше тоа што тие пари тој потоа ги донираше за обновување на училиштата во Газа.  Покрај тоа, тој одби да си смени дрес со израелските фудбалери по квалификациски меч за Светското првенство помеѓу Израел и Португалија.

Речиси сите знаат дека фудбалската ѕвезда од Португалија, Кристијано Роналдо е голем хуманитарец. Тој е великодушен кога станува збор за донациите особено за деца, давајќи големи суми на фондацијата „Направи желба“ и за Црвениот крст. Роналдо беше амбасадор и на УНИЦЕФ и „Ворлд вижн“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести