Рама изјави дека досега се донирани пет милиони евра и повеќе од милион американски долари помош за погодените од земјотресот и вели дека тоа не е последната сума.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 11:25

Рама: Без дом останаа над 3000 лица, сите ќе бидат сместени во хотели – досега донирани над 5 милиони евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната вонредна владина седница албанскиот премиерот Еди Рама најави дека стручни тимови за проценка на штетите ќе започнат со работа денеска.

Рама изјави дека досега се донирани пет милиони евра и повеќе од милион американски долари помош за погодените од земјотресот и вели дека тоа не е последната сума.

Меѓу жртвите во Туман во Албанија е и свршеницата на поголемиот син на премиерот Рама, Грегори.

Албанскиот премиер истакна дека сите семејства ќе бидат згрижени во хотели а шаторите ќе бидат отстранети.

Но има еден мал проблем со жителите на околните села кои го замолиле премиерот да останат во шаторите за д аможат да се грижат за нивните земјоделски стопанства.

Рама потврди дека досега загинале 49 лица, вклучително и деца,од нив во Драч 25, во Туман 23 и една жртва во Курбин.

Потрагата по преживеани беше прекината вчера во Тумана, а потоа и во Драч.

– Во областа Драч се сместени 1.260 лица, од кои 625 се во хотели и 360 во училишни спортски сали. Останатите се во шатори или кај роднини. Во Туман, околу 500 луѓе се сместени во шатори и тие ќе бидат сместени денеска во хотели, рече Рама.

Според податоците кои ги објави Рама дури 3.480 луѓе останале без своите домови во округот Тирана а во Драч се регистрирани 701 оштетени објекти, од кои 12 целосно уништени, а 176 оштетени.

Во Тирана, 15 згради се целосно уништени, 239 оштетени и осум згради не се во употреба.

Рама повтори дека секој кој има некој канал за комуникација и истиот го употребувал за да шири лажни вести, или ширење на паника помеѓу народот ќе биде затворен.

Владата прогласи вонредна состојба и во градот Лач – тешко погоден во силниот земјотрес од 26 ноември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.