Утрово тој на итна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 декември, 2019 12:02

Рама со порака до министрите: Вратете ги луѓето кои по земјотресот се засолниле во Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еди Рама премиерот на Албанија, денеска ги повика своите сонародниците кои, поради катастрофалниот земјотрес заминаа за Косово, да се вратат.

Утрово тој на итна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.

Катастрофален земјотрес минатата недела во вторникот ја погоди Албанија. Во земјотресот загинаа 51 лице, меѓу кои и снаата на премеирот Еди Рама, заедно со целото нејзино семејство.

Премиерот на Албанија, Рама нагласи дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување.

Според медиумите во Косово се над две илјади албански граѓани поголемиот број од нив во Призрен.

По Самитот на НАТО во Лондон, Рама искажал оптимизам дека Европа ќе ја подржи Албанија да ја надмине состојбата по катастрофалниот земјотрес.

Според него 15-те милиони евра доделени од Европската комисија не се еднствена помош,дека очекува средства и од ИПА а секако и одржувањето на две донаторски конференции, едната што ќе ја организира ЕК и втората од турскиот претседател Ердоган.

Оштетени 525 куќи и 3.100 станови, е билансот во Тирана по катастрофалниот земјотрес кој минатата недела ја погоди Албанија и по што починаа над 50 лица.

Министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, рече дека во Тирана се оштетени 525 куќи и 3.100 станови.

– Што се однесува за сместувањето на луѓето погодени од земјотресот, 4.000 лица се сместени во хотели, 2.054 во сали, додека 26 се уште се во болници. 6.500 луѓе се под шатори додека 390 во социјални станови. Големи оштетувања има кај 36 учлишни објекти од нив четири во Тирана. 12 сопственици во Драч, изразија готовност сами да ги покријат штетите од земјотресот -рече Чучи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.