Тој исто така уверува дека како Струга нема навистина друга.

Објавил: Весна Петровска | 5 јули, 2019 21:23

Рамиз Мерко ја изрецитира Т’га за југ од Миладинов и уверува дека како Струга нема друга

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга во интервју за ИРЛ ја рецитира песната Т’га за југ од Константин Миладинов.

Тој исто така уверува дека како Струга нема навистина друга.

За себе вели дека работи домаќински и е успешен менаџер на општината, во која тврди, оти нема ниту една дивоградба.

Еве што преставува песната на Константин Миладинов.

– Во песната има силни споредби што ја доловува саканата татковина, која добива една натприродна светлина и убавина, за разлика од суровата и мрачна московска средина.
На почетокот, како народниот поет тој бара нешто невозможно за тоа време – крилја – за да летне и да се најде во родната земја и да провери дали и таму е мрачно како во Русија. Но, ако и дома не е сончево и топло, тој и понатаму ќе бара такво место и со то се потенцира носталгијата на поетот кон својата натковина.
Осамениот поет, со многу густи бои и тешки тонови ни ја прикажува мос-
ковската природа и своето срце полно со студови, не само заради студената клима, туку и заради студениот прием на руските дејци кои не сакале да го отпечатат „Зборникот“ и само кажувале празни зборови и ветувања (ветришта и вијулици). Затоа тој цврсто решава и извикнува: Не, ја не можам овде да седам!
Очаен, болен и несреќен, поетот се бори да се ослободи од тешката атмосфера и крилјата му се единствениот спас за да може да долета до родниот крај. Таму го влече се`. И спомените и природата и роднините. За него тоа е најубавото катче на земјата што така топло и со јаки бои го слика.

Во продолжение целата песна од Константин Миладинов.

Орелски крилја как да си метнех
и в наши стâрни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали сâнце и тамо
матно угревјат, како и вамо.
Ако как овде сâнцето ме стретит,
ако пак мрачно сâнцето светит:
На пâт далечни ја ке се стегнам,
и в други стâрни ке си побегнам,
каде сâнцето светло угревјат,
каде небото ѕвезди посевјат.
Овде је мрачно и мрак м’ обвива
и темна мâгла земја покрива:
мразој и снегој, и пепелници,
силни ветришта и вијулици,
Околу мâгли и мразој земни,
а в’гради студој, и мисли темни.
Не, ја не можам овде да седам!
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
и в наши стâрни да си прелетнам:
на наши места ја да си идам,
да видам Охрид, Струга да видам.
Тамо зората греит душата
и сâнце светло зајдвит в гората.
Тамо дарбите природна сила
со сâта раскош ги растурила:
Бистро езеро, гледаш, белеит
или од ветар синотемнеит:
поле погледниш, или планина
-сегде Божева је хубавина.
Тамо по срце в кавал да свирам,
сâнце да зајдвит, ја да умирам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.