Дали Хаг ќе подигне обвинение против косовскиот премиер ?

Објавил: Узунов Бобан | 24 јули, 2019 8:54

Рамуш Харадинај денеска ќе биде испрашуван во Хаг

Фото/Текст извор: ©магазин

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ќе биде испрашуван денеска од страна на Специјалниот суд. Топ Чанел дознава дека сослушувањето ќе се одржи во 09:30 часот во Хаг, исто така, ќе биде сослушуван и Јакуп Красниќи, поранешен шеф на косовското Собрание.

Според истиот медиум се очекува холандската полиција да го зголеми своето присуство околу Трибуналот, бидејќи може да бидат организирани протести од албанската заедница што живее во оваа земја. 


Харадинај е роден на 3 јули 1968 година во Глоѓане, Дечани во Косово. По демонстрациите на Косовските Албанци, во 1989 година емигрирал во Швајцарија, каде што е регрутиран во Народното движење на Косово од кое се создала Ослободителна Војска на Косово. Во Швајцарија научил кунг-фу и воени вештини. Во Албанија, во 1996 година, завршил обука и се приклучил во основањето на терористички бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово доаѓал само илегално, додека во средината на 1997 година се вратил трајно во Косово, каде што, со браќата Даути и Шкељзени, организирал терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април истата година, станал еден од регионалните команданти на ОВК. 
Харадинај бил обвинет од правосудните органи во Србија за воени злосторства за време на војната во Косово, поради што е издадена меѓународна потерница по него. Врз основа на тоа, кон крајот на 2016 година, Харадинај бил уапсен во Франција.


Шукри Буја, друг поранешен водач на ОВК, беше интервјуиран вчера. Му беа прочитани прашањата од страна на обвинителите, но тој одби да одговори. Буја не беше прашан за посебни прашања, туку за улогата на синџирот на командата во војната.

Специјалниот суд е формиран за да го истражи извештајот на Дик Марти, каде се претендира за злосторства против Србите за време на Војната на Косово. Иако овој суд постапува врз основа на косовските закони, неговото седиште се наоѓа во Хаг, пренесува Клан Косова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести