До изборот на ново раководство на партијата, Харадинај ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Алијанса за иднината на Косово.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јануари, 2020 15:54

Рамуш Харадинај поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај кој пред неколку месеци поднесе оставка од премиерската функција, а денеска ја извести јавноста дека поднесе оставка и од лидерското место во партијата Алијанса за иднината на Косово.

Шок во Косово по одлуката на Хардинај

До изборот на ново раководство на партијата, Харадинај ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Алијанса за иднината на Косово.

– Поднесов оставка на лидерското место во партијата. Тоа го направив на последното собрание што го одржавме. Ќе ја извршувам должноста само до партиските избори, изјави Харадинај.

Хардинај откри дека во партијата се поставени нови изборни критериуми на сите нивоа, кои меѓудругото, се однесуваат и на организирање пет одделни ограноци во Приштина.

За потсетување, Хардинај поднесе оставка од премиерската позиција откако беше испрашуван од Хашкиот трибунал , кој ги испитуваше  злосторствата против етничките Срби за време и по војната во земјата помеѓу 1998 и 1999 година, објави Асошиетед прес.
 
Специјалниот суд на Косово во Хаг беше формиран по извештајот на Советот на Европа во 2011 година, во кој беа наведени наводи за масовни воени злосторства извршени од страна на етнички Албанци, припадници на Ослободителната војска на Косово .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.