Во петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

Објавил: admin@magazin | 3 март, 2021 8:55

РАНА НАЈАВА ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес и утре времето во нашата држава ќе се задржи сончево и релативно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

Ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите, особено во недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопје и околината денес и утре ќе се задржи претежно сончево со максимална дневна температура до околу 17 степени. Во петок облачноста полека ќе се зголемува а за време на викендот ќе има услови за повремен слаб дожд.

Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува и истиот ќе услови пад на температурата и истата за време на викендот ќе се искачува до околу 11 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...