Контрадикторно е да сметаш дека ценсусот нема да биде постигнат а притоа самиот да излезеш и гласаш по убедување, со што директно ја зголемуваш излезеноста во целина

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 11:18

Рангелова гласала, па чекала дали ќе има или не цензус

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, Даниела Рангелова потврди дека излегла на гласање на референдумот.

Рангелова кратко за ТВ 24 изјави дека точни се информациите дека излегла на гласање, го остварила своето демократко право по основ на референдумското прашање на кое гласала против.

“Да, точно е дека излегов и гласав “против”. И сакам да информирам дека доколку нема цензус, јас во Собранието нема да го дадам својот глас за уставни измени.” – изјави Рангелова за ТВ 24.

Она што по огромните реакции на членството на ВМРО – ДПМНЕ се поставува како прашање до функционери и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои гласаа на референдумот е дали се свесни во контрадикторностите на сопствените изјави дека цензусот е битен а не нивното излегување кога нивното излегување на гласање директно влијае врз цензусот.

Ќе следат ли слични недоразбирана од правнички баук и при обидот на Заев да обезбеди 2/3 мнозинство за Уставни промени?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.