Овој објект има само четири апартмани, но од морето е оддалечен само 200 метри.

Објавил: Владо Марин | 11 мај, 2020 13:23

Распродажба на грчките хотели – цените почнуваат од 160.000 евра!

Фото/Текст извор: ©Иновативност

На грчките интернет страници за продажба на недвижности може да се види исклучително богата понуда на грчки хотели на северот на земјата, а најголем број од објектите се наоѓаат на Халкидики. Цените се неверојатни и почнуваат од 160.000 евра.

Хотелите во Аспровалта, Врасна, Калитеа, Полихроно, Неа Муданија, но и на сите останати туристички места на северот на Грција може да се купат за многу ниски суми,а најевтиниот објект чини само 160.000 евра и се наоѓа во Врасна.

Овој објект има само четири апартмани, но од морето е оддалечен само 200 метри.

Од 300.000 до 500.000 евра може да се купат објекти со дваесетина соби и базен. Исклучително поволен хотел се продава во Неос Мармарас за само 1,5 милиони евра. Хотелот има два објекти, 44 соби, рецепција, базен, преубав поглед на море и е делумно реновиран.

Поволни се цените на хотелите и во Полихроно. Еден од нив се продава за 2,1 милиони евра, има 41 соба, а е изграден во 1990 година. За 3 милиони евра може да се купи и понов хотел со 25 соби.

Тие што сакаат хотел на самиот брег ќе треба да издвојат 5 милиони евра. На самиот брег на полуостровот Касандра има нов хотел со 22 соби и чини 5,5 милиони евра.

Понов хотел на истиот полуостров со 28 соби се продава за 9 милиони евра.

Поголем хотел со 130 соби на Халкидики може да се најде за околу 11 милиони евра, додека уште поголем објект со 150 соби е 1 милион евра поскап.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...