Најголем број на невработени се високо квалификувани, а 134.116 од нив се регистрирани во септември, по што следат оние со средно образование - 122.432, а 110.413 се неквалификувани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 декември, 2020 16:50

Расте невработеноста во БиХ: Во септември без работа 14.602 лица повеќе отколку минатата година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во септември, во БиХ се регистрирани 417.957 невработени лица, што е за 14.602 повеќе отколку во истиот месец минатата година, објави Агенцијата за статистика на БиХ.

Најголем број на невработени се високо квалификувани, а 134.116 од нив се регистрирани во септември, по што следат оние со средно образование – 122.432, а 110.413 се неквалификувани.

Меѓу невработените има најмалку луѓе со високо образование, од нив 6.907, следени од полуквалификувани лица, од кои 6.992 се регистрирани во септември, пренесува порталот Кликс.

Уделот на женска популација меѓу невработените е 57 проценти, што значи дека 238.212 жени биле без работа.

Кај женската популација, најголем број на невработени лица во септември имало од средно образование – 77.410, 64.783 биле неквалификувани, а 61.955 биле високо квалификувани!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.