Согласно планот со управување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се намали интензитет на градба на станбени згради во Охрид.

Објавил: Мате Парлоф | 17 јануари, 2022 7:18

Раст на цените на становите, од 1500 до 2000 евра квадрат на охридската ривиера

Фото/Текст извор: ©ohridnews

Цените во Охрид за новите станови се движат од 1200 до 1500 евра по мкв во централно градско подрачје, 850 до 1100 евра во урбана заедница Билјанини извори, од 800 до 900 евра по мкв во останатите делови од градот како и од 1500 до 2000 евра по мкв на охридската ривиера.

Според последните податоци на Народна Банка има рекорден раст на цените на недвижнините во последното тромесечје. Становите поскапеле за дури 11,2 процентни поени на годишно ниво. Во третото тромесечје годишната промена на цената изнесува 5,8 процентни поени, во вториот квартал поскапувањето било 4 отсто, а во првиот 3,2 проценти. Имено во октомври, ноември и декември недвижнините биле поскапи за дури 5,2 проценти.

Причините за ваквото драстично покачување на цената на становите се од фискален карактер односно падот на каматните стапки на депозитите предизвикуваат граѓаните своите истите да ги вложуваат во недвижен имот.

Пропаѓањето на Еуростандард банка и шпекулациите што следеа исто така ја намали довербата на граѓаните во банкарскиот сектор и ги зголеми вложувањата во недвижен имот, вели Наташа Спасеска Цветкоска од Агенцијата за недвижности Капитал Охрид врз основа на постојаните анализи во редовното работење.

Согласно планот со управување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се намали интензитет на градба на станбени згради во Охрид. Тоа придонесе до значително намалување на понудата на станови, а побарувачката од друга страна постојано расте. Поради тоа економски оправдано е пораст на цените на недвижностите, вели Спасеска Цветкоска.

Додава дека на глобално ниво, а и кај нас се бележи постојано пораст на цените на градежните материјали со што се зголеми и цената на чинење на недвижностите.

Пандемијата со ограничувачките мерки за слободно движење на луѓето на глобално ниво придонесе инвестирање во недвижен имот во туристички места што се наоѓаат релативно близу од местото на постојано живеење. Тоа придонесе голем дел од македонците да купуваат станови и куќи во Охрид за привремен престој, вели.

Во однос на тоа на кои локации има најголема побарувачка за купување недвижностите, Спасеска Цветкоска ги наведува Центар и Билјанини извори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...