Боки 13 ниту прима инјекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија – вели Рахиќ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 август, 2019 23:49

РАХИЌ: “БОКИ 13 не прима инјекции, ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Есад Рахиќ директорот на затворот во Шутка, каде се наоѓа Бојан Јовановски, еден од притворените за случајот „Рекет“ ги демантираше информациите објавени во српски Курир дека Боки 13 во затвор бара помош и прима инјекции за смирување.

Српскиот портал објави дека Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во психијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе докази за нивната вмешаност во рекетирањето.

-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инјекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија – вели Рахиќ за Канал 5.

Пред истрагата открива дека во периодот од април 2018 до април 2019 година, Боки 13 и Зоки Кичеец барале рекет од бизнисмен.

Притоа користеле име на извесен јавен обвинител, но името идентитетот на истиот обвинителството не го откри. Двајцата осомничени од бизнисменот барале 8 милиони евра. Добиле 1,5 милиони евра во неколку наврати. За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.