Полицијата уапси 23 лица кои присуствуваа на нелегалната журка, потврдено е од Министерството за внатрешни работи.

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2020 13:06

РАЦИЈА ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ПЕРУ: 13 лица загинаа во стампедо!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 13 лица ги загубија животите, а шестмина се повредени додека се обидоа да избегаат од ноќен клуб во Лима, кој беше нападнат од полицијата за кршење на мерките воведени поради пандемијата, пренесува Ројтерс.

Посетителите во клубот починаа откако беа прегазени од толпата што се обидуваше да избега од полицијата, како и поради недостаток на кислород, потврдија официјалните лица.

Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои тројца полицајци, додека 13 починале, откако околу 120 лица се обиделе да избегаат од ноќниот клуб „Томас Рестобар“ синоќа по пристигнувањето на полицијата.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се вели дека посетителите на клубот се обиделе да избегаат преку единствениот излез, кога масата луѓе останале заробени меѓу вратата и скалите што водат кон улицата.

Полицијата уапси 23 лица кои присуствуваа на нелегалната журка, потврдено е од Министерството за внатрешни работи.

Перу нареди затворање на ноќни клубови и барови во март, додека поголемите семејни собири се забранети од средината на овој месец.

Покрај тоа, во Перу беше воведена одредба за полицискиот час во неделата.

До денес, 585.236 луѓе се заразени со вирусот корона во Перу, додека 27.453 пациенти починале како резултат на КОВИД-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...