Да стоиме заедно со нашиот Претседател Христијан Мицкоски, заеднички да го трасираме патот за Обнова, а бидете сигурни во силата, затоа што Македонија ни го чува грбот, вели Мизрахи.

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 февруари, 2020 7:21

РАШЕЛА: Да го поддржиме Мицкоски, бидете сигурни во силата, Македонија ни го чува грбот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ако се потсетиме само две поколенија наназад ќе се увериме дека сите сме или роднини или пријатели. Никој не е херој сам, ама херојската победа се остварува само со тимска работапишува на социјалните мрежи разрешената министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Да стоиме заедно со нашиот Претседател Христијан Мицкоски, заеднички да го трасираме патот за Обнова, а бидете сигурни во силата, затоа што Македонија ни го чува грбот, вели Мизрахи.

Собранието ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. По речиси шест часовна расправа во десетина минути пред 4 часот, пратениците со 62 гласа „за“ и 26 „против“ ја разрешија министерката. Таа по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, на 3 јануари годинава стана дел од техничката влада која треба да организира и да спроведе избори.

На Рашела Мизрахи и светат очите, како на секој што длабоко верува во тоа што го прави и зборува, и таквите народ ги следи.

Разрешувањето на министерката уследи откако премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, затоа што министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.

Според него министерката Мизрахи го прекршила Уставот, со тоа што не го почитувала Преспанскито договор и на тој начин ги загрозила евроинтеграциите.
Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.
Јас, не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата.

Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика.
Во меѓувреме треба да и заблагодариме на вицепремиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознава дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ!
ВМРО-ДПМНЕ, смета дека причина за разрешувањето на Мизрахи не е таблата со името Република Македонија, туку тоа што таа открила незаконитости и злоупотреби што ги правела претходната министерка Мила Царовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика