Аудио материјалите со милозвучниот „додека дишам“ глас на Зоран Заев кои осамнаа на youtube, конечно и еднаш засекогаш, направија јасна дистинкција помеѓу господарите, робовите и слободните луѓе од почетокот на текстот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2020 10:25

Рашела Мизрахи: Падишахот Заев нека си ја чека пресудата од народот на избори

Фото/Текст извор: ©курир.мк

„Лагата е религија на робовите и господарите, вистината им припаѓа на слободните луѓе“ ..овој своевиден апел на револуционерниот ум на вечно неподобниот Максим Горки од средината на триесеттите години од минатиот век, пред некој ден доби статус на непореклива вистина за македонското општество денес!

Рашела Мизрахи професионалната кариера ја започнува во 2004 година, кога до 2006 година има остварено клиничка пракса во Ветеринарната Клиника „Д-р Налетовски“ во Скопје и во Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки „Гвелф“ во Онтарио, Канада. Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија при Факултетот за ветеринарна медицина, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Од 2009 до 2013 работи на мониторинг на лабораториски животни, сектор на Проф. Шимон Тинман на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, а од 2015 до 2017 година е советник во Министерството за здравство и работи на медицински статистички анализи по разни критериуми, формирање и водење на регистри на пациенти, формирање и раководење со научно-стручни тимови, пропишување на стратегии за креирање, развој и водење на здравствени програми, креирање и имплементација на процедури во здравствениот систем и др. Во истиот период е консултант на Глобалниот фонд во рамки на Програмата за туберкулоза во Северна Македонија.

Аудио материјалите со милозвучниот „додека дишам“ глас на Зоран Заев кои осамнаа на youtube, конечно и еднаш засекогаш, направија јасна дистинкција помеѓу господарите, робовите и слободните луѓе од почетокот на текстот. Точно лоцирајќи ја потчинетоста на шарената “револуција” кон потребите на пеколниот план за разнебитување на Македонија, Зоран Заев ја откри тажната и потресна вистина за евтиноста на постоењето.

„Сите невладини организации, студентски пленуми и се што е финансирано од Сорос, се мои“ вели Заев, заокружувајќи го опфатот на  својот „граџански“ пашалак, кој почнува да блее во ритам на „Хајмо звиждаљке“, пред секој нов рушителен поход врз се што не размислува како Падишахот од Муртино.

Четириесет и осум часа по аудио снимките…молк. Нема реакција од раководството на соросовата фондација во земјава, да се огради, или барем да се обиде да ја заштити својата чест, нема соопштенија од силните невладини организации кои исчезнаа во својот робски менталитет на потчинетост, ги нема ниту експонентите на ЛГБТ заедницата со крици на вџашеност да го демантираат  сопствеништвото на Зоран Заев врз сите нив. Толку за робовите и нивниот сопственик.

Да се позанимаваме малку и со слободните луѓе, оние кои никогаш нема да го простат она „Не ги е.ам ако не гласаат за мене“ јасно и недвосмислено искажано од Зоран Заев во една од снимките. Понекогаш менталниот капацитет не стигнува до помислата дека оние што не ја заслужиле неговата „милост“ во инкриминираната реченица, можеби се токму оние кои наседнаа на шарените муртински лаги и го поддржаа дезорентираниот падишах во својот самоуништувачки поход против Татковината!

Измамени, излажани, разочарани и бесни и тие злокобно молчат. Го чекаат денот во кој со гласачко ливче и пенкало ќе си ја ослеснат совеста и ќе му платат за денот кога си го прегризале јазикот.И на крај, како врв на слободата на духот и оправдан револт од доживеаните пцовки, доаѓа огромниот дел од народот (оние што држат до својот дигнитет и достоинство) што веќе се трансформира во победоносна енергија, како своевиден граѓански суд, на денот на изборите, за на падишахот од Муртино, да му ја прочита својата пресуда, за сите изговорени лаги, за сите сторени предавства и сите безочни навреди…и да му го покаже патот кон буништето на историјата!

Денот незапрливо доаѓа…

И тој тоа го знае.

Колумна на Рашела Мизрахи за Курир…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...