Од ВМРО додаваат дека Заев и Рашковски се фатени на дело. Од ВМРО посочуваат дека новинарите на кои Рашковски им се заканува со тужба мора да продолжат да го следат јавниот интерес.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2019 15:41

“Рашковски се обидува да заплаши и замолкне медиуми и новинари”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фот капитал.мк

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите и заканите кон медиумите и новинарите од страна на Драги Рашковски од позиција Генерален секретар на Владата, кој што од позиција на сила наместо со аргументи се  обидува да заплаши и замолкне медиуми, новинари и членови на опозицијата кои работат во јавен интерес, стои во соопштението на ВМРО.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите здруженија на новинарите и на медиумските работници да се спротистават на притисоците и да ги осудат нападите од Генералниот секретар на Владата кон медиумите и новинарите кои паднаа во немилост на Рашковски заради следење на јавниот интерес. ВМРО-ДПМНЕ очекува и ги повикува сите меѓународни медиумски и новинарски институции како и Делегацијата на ОБСЕ и на ЕУ, вклучително и целиот диппломатски кор во државата да ги осудат навредите, нападите и заканите од Генералниот секретар на Владата кон медиумите, новинарите и членовите на опозицијата кои што се под сериозен удар на Рашковски заради нивното следење на јавниот интерес.

Рашковски ја предводи и меѓуресорната група за спроведување на Законот за јазици.

Од ВМРО додаваат дека Заев и Рашковски се фатени на дело. Од ВМРО посочуваат дека новинарите на кои Рашковски им се заканува со тужба мора да продолжат да го следат јавниот интерес.

Зоран Заев и неговиот генерален секретар се фатени на дело! ВМРО-ДПМНЕ смета дека заканите на Драги Рашковски со тужби и со затворски казни е показател за свесноста на кланот на власт за својот пад и губење на власта. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите новинари и медиумски работници да го следат јавниот интерес, како и сите граѓани да продолжат со објавување на сомнителни криминогени делувања на членовите на кланот на власт.

Недостатокот на борбата со високата корупција, корупциски скандали во кои се вмешани функционери на власта, е меѓу главните пречки за македонското напредување во интеграциите, ја девастира македонската економија преку урнисување на бизнис амбиентот, а како резултат на тоа ги турка граѓаните во се поголема сиромаштија на сметка на богатење на членовите на кланот на власт.

Рашковски мора да си поднесе оставка, а институциите да покренат кривична постапка во врска со меѓународниот скандал што ја тресе Македонија,стои во соопштението на ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести