Од октомври до декември авиокомпанијата загубила 20 милиони евра, во споредба со нето профитот од 106 милиони евра за истиот период претходната година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2019 13:45

„Рајанер“ пред банкрот? Во загуба од 20 милиони долари за три месеци

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер (Ryanair) денеска соопшти дека е „во минус“ во третиот квартал на финансиската 2018-2019 година со нето загуба од 20 милиони евра.

Компанијата Рајанер (Ryanair) е соочена со многу голема конкуренција на летовите на кратки релации во Европа, што предизвика многу големо намалување на цените и со тоа автоматски компанијата го намали профитот. Од октомври до декември авиокомпанијата загубила 20 милиони евра, во споредба со нето профитот од 106 милиони евра за истиот период претходната година.

-Загубата е разочарувачка, но таа во целост се должи на пониските од очекуваните цени на авионските билети и нашите клиенти уживаат толку ниски тарифи, какви што немало досега, истакна Мајкл О’Лири, главен извршен директор на Рајанер.

Рајанер (Ryanair) је ирска нискотарифна авио-компанија сo седиште во Даблин. Се рачуна како најголема нискобуџетна авио-компанија, но исто така и најуспешна авио-компанија со свои 362 авионски линии во 22 држави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.