Погба настапува за Манчестер Јунајтед од 2016 година

Објавил: admin@magazin | 30 март, 2019 7:47

Реал е подготвен да понуди 125 милиони фунти за Погба

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Реал Мадрид е заинтересиран за купувањето на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба. Според „The Sun“ 26-годишниот Французин е главната трансфер цел на „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид е подготвен да понуди 125 милиони фунти за Погба. Претходно беше објавено дека Французинот сака да игра под раководство на Зинедин Зидан. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2021 година.

Погба настапува за Манчестер Јунајтед од 2016 година.

Оваа сезона, Погба настапи на 37 натпревари за клубот од „Олд Трафорд“, постигна 14 гола и оствари 10 асистенции.

Францускиот фудбалски стратег Зинедин Зидан, очајно посакува реконструирање на својот состав за следната сезона, но, една од неговите желби веќе пропадна, реакцијата на Кралевите беше задоцнета.

Инаку, Зинедин Зидан го претрпе првото разочарување по враќањето на клупата на Реал Мадрид, пишува ОКДИАРИО, а се наведува дека еден од клучните фудбалери кој тој го посакувал на лето за да изврши реструктуирање на составот бил токму Лукас Ернандез.

Французинот веќе го официјализираше трансферот во Баерн Минхен, каде ќе се пресели на лето и тоа за сума од фантастични 80 милиони евра, а кога Кралевите стапиле во контакт со неговиот агент Мануел Гарсија, одговорот бил јасен – задоцнета реакција.

Секако интересот на Реал Мадрид за Ернандез ќе значи ново разнишување на односите со Атлетико Мадрид по случајот со Тео Ернандез, а по тоа разочарување, Кралевите се ставиле во брза реакција за Милитао од Порто, фудбалер кого Зидан не планирал да го ангажира, а тој не бил ниту на листата на желби кај францускиот стратег.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...