Доколку се оствари овој трансвер Азар ќе биде најскап фудбалер во светот

Објавил: admin@magazin | 13 август, 2018 10:09

Реал Мадрид ќе го прави Азар најскапиот фудбалер

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Раководството на европскиот шампион Реал Мадрид е подготвено да плати 224 милиони евра за Еден Азар, објавија англиските медиуми.

Доколку се случи Азар да заврши во Реал, тогаш 27-годишниот Белгиец ќе стане најскапиот фудбалер на светот.

Во моментот најскап фудбалер е Нејмар, кој летото 2017 година се пресели од Басрелона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Реал во Азар го гледа наследникот на Кристијано Роналдо, кој ова лето се пресели во Јувентус за 117 милиони евра.

На овој трансфер се противи менаџерот на Челзи, Маурицио Сари кој не сака да биде продаден еден од лидерите на тимот.

Инаку, преодниот рок во Шпанија завршува на 31 август кога ќе се знае дали Азар ќе премине во Реал Мадрид или ќе остане во Лондон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...