Што точно значи ребалансот на Буџетот за кој е извесно дека нема да биде реализиран како Владата го услови со неодржување на избори, денес ќе соопшти министерот Тевдовски

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 6:23

Ребаланс на Буџетот само ако нема избори, нова уцена од Владата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата доцна синоќа одржа вонредна седница на која го разгледа и усвои ребалансот на буџетот за 2018 година, по што предлогот ќе го достави до Собранието каде ќе треба да го изгласаат и пратениците.

Ребалансот се иницира сега за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието до 15 ноември, во случај да не се одржат предвремени избори.

Повеќе детали за измените се очекуваат денес на прес-конференција на министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година се планирани на ниво од 192.5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210.5 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18.1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари).

Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2.7 отсто од БДП. Со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година што ги предлага Владата на РМ да бидат усвоени од страна на Собранието на РМ, извршено е ревидирање на приходната страна на Буџето за незначителни 0.5 отсто надолу, односно за 1 милијарда денари. –  наведуваат во соопштението од владата.

На седница Владата констатирала дека во услови на непроменети приходи на основниот буџет, ревидирањето на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на намалување на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки и согласно остварувањето во деветте месеци од годината, благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од околу 1.5 отсто, односно истите се ревидирани на ниво од 56.2 милијарди денари.

Имајќи го тоа предвид, Владата на РМ на седницата за ребаланс на буџетот го усвои предлогот  на Министерството за финансии, расходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година да се коригира надолу за 1.2 милијарди денари, односно за 0.5 отсто. – наведуваат од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...