МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Објавил: Владо Марин | 11 јули, 2020 10:48

Регистрирани 422 прекршоци за неносење маска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изминатите 24 часа полициските службеници напишале 357 казни за неносење маска на територијата на Македонија.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Украдени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лаптоп се откриени во акција на полицијата во Карпош на 8 и 9 јули, информираат од МВР.

Приведени се Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје за сторено кривично дело „прикривање“.

„Имено, двајцата првопријавени извршувале кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму ги повикуваат сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 09,00 до 15,00 часот за препознавање на велосипедите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.