Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште а убиецот Добросав Гавриќ ќе биде изречен во Србија од Јужноафриканската Република.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 20:08

“Редно е да гние во затвор”- Цеца се огласи за убиецот на Аркан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка, вдовицата на Аркан, Светлана Цеца Ражнатовиќ, сеогласи во врска со убиецот на нејзиниот покоен сопруг.

Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште а убиецот Добросав Гавриќ ќе биде изречен во Србија од Јужноафриканската Република.

Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште. По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес.
Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај.

На оваа вест Цеца за српски Курир искоментира дека конечно ќе плати за тоа што го сторил.

-Фала му на Бога што конечно ќе плати за злоделото за кое и моето и уште две семејства се завиени во црно. Божја правда е да биде затвореник во земјата во која и извршил злосторство и од која избега како последна кукавица. Се надевам дека до крајот на животот ќе гние во затворот и дека ќе има доволно време одново и одново да се соочи со своите не дела – рекла Цеца за Курир.рс

Гавриќ е осуден на 35 години поради убиството на Аркан, Манда и Гариќ а од 2006 година е во бегство за да избегне затворска казна.

Инаку Жељко Ражнатовиќ- Аркан, пред да се распадне СФРЈ, Аркан во јавноста излегол како водач на навивачката група на Црвена Ѕвезда – „Делије“.

Кога Хрватска прогласила независност, групата на Аркан во октомври 1990 година бил уапсена од страна на хрватските власти во Двор. По шест месеци во затвор (иако бил осуден на пет години), под до денес непознати и неразјаснети околности бил пуштен од загребскиот затвор и тој се вратил во Белград. Се претпоставува дека тоа бил таен договор помеѓу Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ.

Но многу брзо се враќа во Хрватска, каде што во 1990 година ја основа паравоената формација Српска доброволна гарда (СДГ). Според неговото тврдење, групата била основана на 11 октомври во манастирот Покајница заедно со група свои пријатели и водачите на навивачката група Делије.

Со започнувањето на најголемата војна во Европа по Втората светска војна, во пролетта 1992 година била во Босна и Херцеговина со тешки вооружувања, етнички чистења и воени злосторства. Гардата на Аркан се вклучила во завземањето на источна Босна. Во тој период во неговата група се приклучил и Милорад Улемек, поранешен криминалец и крадец најмногу на спортска облека низ Белград. Оваа единица делувала на овој терен до крајот на војната. За време на војната, практично источна Славонија е претворена во пара-држава и самата гарда се богатела со шверц на роба. Многу голем број на домакинства биле ограбени од страна на Единица, и голема површина од индустриски дрва биле нелегално сечени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.