Резултатите од првиот круг на гласањето, најдобро покажуваат дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2019 9:44

Резултатите од првиот круг покажуваат дека граѓаните се незадовлни од СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ОД ВМРО- ДПМНЕ велат дека власта е делегитимирана и мора веднаш да си замине.

Зоран Заев и Стево Пендаровски заедно со нивните партнери од власта ДУИ, освоија само 42,84% од гласовите на граѓаните на Република Македонија.Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на опозицијата во албанскиот блок ја освоија довербата на преку 53% од граѓаните,стои во соопштението на ВМРО.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски заедно со нивните партнери од власта ДУИ, освоија само 42,84% од гласовите на граѓаните на Република Македонија

Од таму велат дека резултатите од првиот круг на гласањето, најдобро покажуваат дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува.

Тоа е најдобар доказ дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува. Одиме надолу и на економски и на демократски план. Одиме надолу и на листите за корупција и во здравството и во образованието и на полето на безбедноста.Македонија оди напред само во однос на бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата.Тоа се фактите кога три пати аболициран политичар ја води државата по принципот „едно евро за Вицето”стои во соопштението.

Од ВМРО додаваат дека се повеќе тонат бизнисите, а власта работи со филми блиски до неа.

Бизнисите на граѓаните тонат, но затоа фирмите на функционерите од власта добиваат тендери во 4 очи и испумпуваат милиони од буџетот.Немаме 500 евра просечна плата, немаме 100.000 денари плата за лекарите, немаме 600 километри автопат, но затоа имаме криминал, корупција и непотизам.Граѓаните живеат во тешка мака, земјоделците сечат дрва, болните не можат да најдат лек, младите се иселуваат како никогаш до сега.Република Македонија тоне. Со Стево Пендаровски уште повеќе ќе тоне. Затоа е потребно граѓаните масовно да излезат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. За право и правдина,велат од ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести