Денеска муслиманите го слават Фитер Бајрам, а по тој повод и претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до сите муслимани во земјава. Кон честитката за Барјам се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2020 10:53

РЕИСОТ РЕЏЕПИ: Прогласувам победа над коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешната молитва во Мустафа – пашината џамија во Скопје, Реисот Сулејман Реџепи го честиташе празникот Рамазан Бајрам и порача:

Успешно се справувавме до сега, а со одржувањето на овој намаз за Фитер Бајрам прогласувам и победа над вирусот. Им го честитам празникот на сите муслимани во земјава.

Реисот вчера беше главна тема во медиумите откако во јавноста излегоа фотографии од неговата венчавка со младата Емина од Скопје.

Денеска муслиманите го слават Фитер Бајрам, а по тој повод и претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до сите муслимани во земјава. Кон честитката за Барјам се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери исто така упати честитка до сите муслимани кои денеска го слават големиот празник Фитер Бајрам кој во исламот се смета за круна на светиот месец Рамазан.

Се надевам дека овој Бајрам кој што како и претходно месецот на пост и солидарност го прославуваме на невообичаен начин, далеку од верските храмови, сепак блиску до нашите најдраги и најблиски членови на семејството, ќе ни донесе искрени и убави мисли упатени до целото човештво за што побрзо и побезболно пребродување на овој предизвик кој што како што реков и во претходната Рамазанска честитка, не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Нека даровите на Рамазан Бајрам, солидарноста, взаемната почит и разбирање, милоста и опростувањето бидат дарови кои ќе го збогатуваат нашето секојдневие. Останете дома со своите блиски и имајте верба. Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Фитер Бајрам!, стои во честитката од Џафери.

Бајрам — два големи исламски празника во годината. Првиот Рамазан Бајрам, трае 3 дена еден по друг започнувајќи од првиот ден од месецот шевал, односно десеттиот месец според арапскиот календар.

Вториот празник, Курбан Бајрам, трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според исламски исламскиот календар) и се вика нарекува „празник на пожртвувањето“ затоа што тогаш се колат овни и им се делат на сиромасите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести