На видео снимката се гледа како Боки 13 и Зоран Кичеец излегуваат од куќата на бизнисменот Орце Кмачев со торба полна со евра, а како што наведува Ла Верита се слуша разговорот на Јовановси и Камчев за предметот „Империја“ кој е во надлежност на Катица Јанева.

Објавил: Весна Петровска | 10 август, 2019 15:48

РЕКЕТАРСКА АФЕРА ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Заев и Боки 13 среде скандал, а Обвинителството молчи за шок снимките кои италјанските медиуми ги објавија

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Македонската јавност бурно реагира откако италјанскиот весник Ла Верита објави снимки во врска со случајот „Рекет’, во кој е македонскиот шоумен Бојан Јовановски – Боки 13 обвинет дека изнудувал пари од бизнисменот Орце Камчев и дека шефицата на македонското Специјално обвинителство Катица Јанева, е инволвирана бидејќи не поднела барање за продолжување на неговиот притвор.

Снимаката е направена на 20 февруари, а веќе на 4 март Камчев е слободен на основа на одлуката на Кривичниот суд во рпедметот „Империја“ кој го води СЈО.

На видео снимката се гледа како Боки 13 и Зоран Кичеец излегуваат од куќата на бизнисменот Орце Кмачев со торба полна со евра, а како што наведува Ла Верита се слуша разговорот на Јовановси и Камчев за предметот „Империја“ кој е во надлежност на Катица Јанева.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека снимката е клучен доказ за злосторничко здужување на судиии, обвинители, политичари кои со години харале во државата и уценувале.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека премиерот Зоран Заев ги штити актерите на овој случај.

Од СДСМ го возвраќаат ударот и велат дека ова е унапрет договорено сценарио во кое како што наведуваат, требало да ја поништат правната држава и интеграциите во ЕУ и НАТО.

Од Основното јавно обвинителство за организираниот криминал и корупација кои го покренаа предметот „Рекет“, не ни потврдиле ни демантирале дека им е познат објавениот материјал и дали го посеуваат како доказ.

– Сите докази кое Основнот јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги посеедува во врска со овој предмет ќе бидат презентирани во текот на евентуалниот судски процес. Предметот е во фаза на истрага на која се работи на прибирањето на докази, за МИА изјави ОЈО.

Доколку дојде до судскиот процес, објаснува Јовески дека сите докази и видео материјалите обвинителството ќе ги презентира како доказен материјал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.