Булеварот 8.Септември е десетта реконструкција која ја почнува Град Скопје во изминативе две недели. Поради тоа, Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини.

Објавил: Владо Марин | 15 септември, 2020 17:17

Реконструирање на булеварот 8.Септември, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот 8.Септември, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.

– Реконструкцијата ја почнуваме со тротоарите и велосипедските патеки, а во текот на неделата ќе се префрлиме и на коловозот. Станува збор за релација долга 980 метри, која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Ќе изведеме и нова велосипедска патека со што ќе го завршиме таканаречениот Конектор број 5 и ќе ги споиме населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Ќе формираме и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе уредиме и средишна жардиниера – рече денеска градоначалникот Шилегов.

 За реконструкција на булеварот 8.Септември ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 40 дена.

Булеварот 8.Септември е десетта реконструкција која ја почнува Град Скопје во изминативе две недели. Поради тоа, Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини.

Значајно е да се нагласи дека пред 2 години Градот Скопје на булеварот 8.Септември изгради велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...