Иако владините портпароли негираат, владини извори лиферуваат дека до крајот на годината од Владиниот кабинет на Заев ќе бидат отповикани најмалку 4 министри и три заменици

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 11:18

Реконструкцијата извесна, ќе “летаат” 4 министри и три заменици министри

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако нема официјална потврда на информациите кои се пласираат од извори во Владата на Македонија, најверојатно владина реконструкција се очекува кон крајот на ноември или последната недела пред Нова година.

Официјално владините портпароли ја отфрлаат информацијата како непозната за нив, но сепак, Владата не ја отфрла можноста одредени функционери наскор да понесат одговорност за одредени постапки.

На списокот функционери за можни смена се 7 министри и три заменици-министри.  Имињата кои се споменуваат се:

Хазби Лика, вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор

Вицепремиерот Хазби Лика повеќе од шест месеци не се појавува на работното место. Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор е најнедостапен сектор за информации, било за распоредувањето на албанските административци,  за заживување на законот за употреба на јазиците, статусот на поранешните борци на ОНА или други прашања кои произлегуваат од Охридскиот договор. Неговото остуство и неактивностите на секретаријатот го прават идеален за смена.

Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа

Како што дознаваме, критките за Фазлиу се однесуваат на неизготвување  стратегија за реформи и развој на локалната власт. За време на неговиот мандат, Фазлиу не одржал ниедна прес-конференција. Со ова ресорното министерство нема изготвено ниту еден реформски план но и ниту една стратегија за подобрување на работата на локалната власт.

Крешник Бектеши, министер за економија

Пред неколку месеци, пропадна реализацијата на проектот од 85 милиони евра за изградба на 8.5 километри пат од Струга до Требениште. Овој пат требаше да се поврзе со автопатот во изградба Охрид – Кичево, но и со брзиот пат од Охрид преку Пештани до Свети Наум. Бектеши беше спомнувам како можно име за смена уште во првите измени во владата на Заев.

Драган Тевдовски, министер за финансии

Додека премерот Заев велеше дека има потреба за ребаланс на буџетот, министерот за финансии Тевдовски велеше дека ликвидноста на државната каса е совршена. Опозицијата побара одговорност за Тевдовски обвинувајќи го за незаконски вработувања во изборниот период за референдумот.

Во владиниот кабинет има функционери за кои јавноста неколку пати го отвори прашањето за нивно разрешување, поради сомнежот за злоупотреби.

Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања

Вицепремиерот е осомничен од СЈО за случајот „Пациент“ за незаконско делење тендери  о 2010 година, кога Османи беше министер за Здравство во владата на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ. Сепак, самиот премиер Заев, неколку пати го повтори ставот дека ја почитува пресумпцијата на невиност.

Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

Вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев беше во центарот на критиките бидејќи компании во кои има удел, постојано се наоѓаат на листата фирми кои добиваат тендери. Брако од Велес тендер од државата од речиси 37.000 евра. Понатаму 160.000 евра од Фондот за иновации легнаа на сметката на „Каст инвест“ компанија во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик. „Феро инвест“  доби тендер од ЕЛЕМ, за снабдување на гумени траки за „РЕК Битола“. ЕЛЕМ подоцна го поништи овој тендер.

Венко Филипче, министер за здравство

Освен Анѓушев, сомнежи за скандали со тендери има и за министерот за здравство Венко Филипче. Опозицијата го обвини дека заедно со директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска, доделил на компанијата на нејзиниот татко „Др. Пановски“ тендер од 3 милиони евра. Подоцна Јавното обвинителство најави истрага за начинот на кој се доделени тендерите во здравството. Предметот се однесуваше на постапката за јавен повик за реагенси и крвни тестови во износ од 35 милиони евра и купување лекови за потребите на јавните здравствени установи, без постапка за тендер во вредност од 25 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести