Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.
Гласале 927.640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1.814.263 во Избирачкиот список

Објавил: Владо Марин | 16 јули, 2020 9:33

РЕКОРДЕН БРОЈ: На изборите изброени 31.107 неважечки гласачки ливчиња

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори!

Додека пак бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.

Во Република Македонија гласале вкупно 927.640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1.814.263 во Избирачкиот список!

Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, според првичните неофицијални резултати од ДИК, освои тесна победа на предвремените избори што се одржаа вчера во Република Македонија!

Според Државната изборна комисија, „Можеме“ имаат 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ освоија 44 пратенички места, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат. 

„Победи иднината! Следува правда! Патот напред е потврден, на опасноста ѝ кажавме јасно ‘Не’“, кажа Заев.

-Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата,  најмоќната и победничката, тоа е „Можеме“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата Христијан Мицкоски воопшто не излезе пред јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести