Македонското небо го користи кој како ќе стигне но никој не кажува по која цена

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 14:44

Рекордни 1.007 летови над Македонија за 24 часа но никој не кажува за колку пари?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Над македонското небо вчера се забележани рекордни 1.007 летови со што втор пат оваа година се надмина бројот на летовите велат од М-НАВ.

Директорот на М-НАВ Николче Тасески изјави дека вчера се остварени вкупно 943 прелети и 64 операции на аеродромите во Скопје и Охрид.

“Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на континуиран раст на сообраќајот кој започна во 2017 година кога се забележа раст од над 20 отсто на глобалниот сообраќај” – вели Тасески.

Во првите шест месеци од 2018 година М-НАВ има реализирано вкупно 82.619 операции наспроти 73.074 операции во 2017 година со што бележи дополнителен раст од 13,6 отсто.

“Во однос на полетувања и слетувања бележиме раст од 15,9 проценти или 8.868 операции во 2018 година наспорти 7.651 операција во 2017 година.” – нагласи Тасески.

Интересено е што прелетитите не се бесплатни а до сега никој не појаснил кој тоа се лета и колку државата има финансиски бенефит од тоа?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.