За празнење на поставените садови, ЈП Комунална хигиена-Скопје ангажираше 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила-самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 мај, 2021 10:08

РЕКОРДНИ 650 КУБНИ МЕТРИ КАБАСТ ОТПАД ИСФРЛЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА AKЦИЈАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад што, во периодот од 18 до 22 мај, ЈП Комунална хигиена-Скопје ја спроведе во сите скопски општини, граѓаните исфрлиле вкупно 650 кубни метри отпад, составен претежно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.

За празнење на поставените садови, ЈП Комунална хигиена-Скопје ангажираше 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила-самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки.

„Жителите на градот Скопје покажаа огромен интерес за акцијата и уште при првиот ден беа преполнети речиси сите 40 поставени садови, додека за времетраењето на целата акција нашите екипи реализираа 130 тури за собирање и транспорт на собраниот отпад.

Очекуваме дека оваа акција значително ќе придонесе за намалување на бројот на диви депонии на територијата на градот.“ – истакна директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.