Турција во моментов е на петтото место во светот според бројот на заразени на дневна основа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 април, 2021 21:38

РЕКОРД ВО ТУРЦИЈА: Има 44.756 заразени за едно деноноќие

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турција регистрираше 44.756 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата, покажуваат најновите податоци!

Турција во моментов е на петтото место во светот според бројот на заразени на дневна основа.

Бројот на заразени се зголемува откако турската влада ги ублажи мерките за сузбивање на пандемијата во март, па затоа во последните пет дена беа поставени нови црни рекорди.

Исто така се очекува дека првата вакцина против корона вирусот произведена во Турција да биде готова до крајот на ова лето.

Оваа информација ја потврди и министерот за здравство на Турција, Фахретин Коча, обраќајќи се на брифинг за медиумите на Светската здравствена организација.

Верувам дека нашата прва вакцина против корона вирусот ќе биде спремна и успешна до август или септември, односно до крајот на летото“ изјави Коча.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.