Коцкањето е дозволено само во елитни хотели со пет ѕвездички и тоа само ако се наоѓаат надвор од урбани подрачја.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2019 16:35

РЕКОРД : Затворени 4300 кладилници во Албанија

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Од вчера во Албанија, затворени се 4 300 кладилници.

Со пристигнувањето на Новата година, во Албанија стапија во сила неколку значајни одлуки што Владата ги донесе во последните два месеца. Една од нив е затворањето на кладилниците, кои за 2 дена се затворени рекордни 4 300 кладилници низ државата.

Забраната исто така се однесува и на онлајн кладење и коцкање, не само на кафулиња со кладилници.
Коцкањето е дозволено само во елитни хотели со пет ѕвездички и тоа само ако се наоѓаат надвор од урбани подрачја. Коцкањето во Албанија беше еден од најголемите проблеми.

Коцкањето во Албанија беше еден од најголемите проблеми во државата. Скоро 6.000 полицајци минатиот месец спроведоа масовна операција низ цела Албанија, затворајќи многу објекти за нелегално коцкање, конфискувајќи 4.000 автомати за коцкање и подигнувајќи кривични обвиненија против стотици сопственици.

Во земјата според статистиката со 2,8 милиони жители , имало една кладилница на 670 жители.
Албанскиот премиер Еди Рама беше под жесток притисок на сопствениците на кладилници , но сепак Законот се изгласа и од вчера е на сила.

Во сила денеска стапи и одлуката која е во интерес на земјоделците, за кои таксата од 20 проценти за увоз на земјоделска механизација се укинува.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...