Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 16:13

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја поврзуваат со скандалот со Меѓународниот сојуз на Боки 13, во интервју за „Слободен печат“ зборува за случајот „Рекет“ и нејзината поврзаност со осомничениот Бојан Јовановски.

Ременски за „Слободен печат“ тврди дека не потпишала ниеден документ во „Меѓународен сојуз“, а почесно членство добила како знак на благодарност за својот придонес во креирањето на социјални политики и, пред сè, како човек хуманист. – Тоа е виртуелна функција со која ниту потпишувате договори, ниту пак учествувате во работата на невладината организација. Почесно членство имаат и многу други лица, како признание за социјалното дејствување кога требало да им се помогне на наши сограѓани.

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

-Додека на човек не му се случи нешто сите сме во ред со неговото однесување, на сите ни е добар за дружба, за на маса, меѓутоа кога ќе се најде во неволја сите се дистанцираат. Тука е најголемото општествено лицемерие кое го живееме за Бојан Јовановски. Бојан го запознав сосема случајно во периодот кога дознав дека во борбата со кадровските непринципиелности што се водеа за време на мојот мандат како технички министер за труд и социјална политика, дознав дека сум „спасила“ неколку вработени од отказ од работа, затоа што пријавиле криминал во секторот во кој работеле. Го запознав по негова желба да ми се заблагодари за спасот на неговата мајка, но во тој период. Тој беше своевидна служба за социјални работи во тоа време. Не е убаво да ги заборавиме гестовите кои ги правеше за многу семејства. Во таква една спонтана комуникација ние станавме пријатели кои делеа идеи, размислувања за општествени состојби. Секој што го познава Бојан ќе каже дека е добар за друштво и принципиелен другар. За жал многумина не сакаат тоа да го признаат. Моето познанство е можеби помало од она што Бојан го имаше со други мои сопартијци и други лица од бизнис заедницата, вели Ременски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести