Ременски, го споредува Богоевски со поранешниот премиер, Никола Груевски...

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 мај, 2019 22:47

Ременски во одбрана на Богоевски: Павле го трпи линчот, а Груевски никогаш не призна дека снимките се автентични

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фросина Ременски, пратеничката од редовите на власта, застана во одбрана на Павле Богоевски, за кого јавноста се крена на нозе, по скандалот со аудио снимката на која се слуша како тој порачува наркотици.

Пратеничката застана во одбрана на Богоевски

Имено Ременски, го споредува Богоевски со поранешниот премиер, Никола Груевски, велејќи дека за разлика од него кој никогаш не призна дека „бомбите“ се автентични, Богоевски барем призна дека се работи за неговиот глас.

„Додека се делат лекции за морал, етика и одговорност за Павле, може и да научиме нешто.
Павле не негираше снимка и негов глас во стилот “сечено, лепено, монтирано” и имаше храброст да се пријави во полиција и во обвинителство за тоа што го порачал. Спремен е да одговори на сите заинтересирани и не бега од линчот и епитетите кои толку многу му ги наредија. Истиот тој Павле ќе ја свика и ќе ја води седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на азилантот Никола Груевски кој го слушавме сите што се порачувал, барал и наредувал. Но, тој никогаш не призна дека снимките се автентични и не се сечени, лепени и монтирани, и далеку е од чувството на морал или храброст да се пријави во полиција и да каже каков е неговиот ќар од тоа што го порачуваше – провизии, уништување на судбини, прогони, шамари, луксуз, прикривање на убиства …
“Неморалниот и неодговорниот” Павле ја има доблеста да го трпи линчот од моралистите спинери и нивните извршители кои сакаат да се подзаборави на мандатот на големиот поштењачина Груевски.
Како тргнале можеби ќе дознаеме и како избега …, преку сечено, лепено и монтирано.
До тогаш … Живели моралисти !“, пишува Ременски на фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести