Во однос на ставот на Заев дека ја поддржува кандидатурата на Димитар Ковачевски и на неговото присуство на владини средби заедно со Заев, Ременски изјави дека не смета дека е хендикеп и неправилно тоа што тој учествувал на владините средби.

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2021 6:10

Ременски: Не сметав дека треба да добијам дозвола од Заев за да се кандидирам

Фото/Текст извор: ©магазин

Мојата цел е да победам и да го вратам социјалдемократскиот сојуз на победничките шини, изјави вчера во Тема на денот на Сител Фросина Ременски, кандидат за нов лидер на СДСМ.

Ја барам поддршката од искрените борци и членови на социјалдемократскиот сојуз кои што сите овие години знаат како функционирала партијата особено во времиња кога сме се соочиле со една длабока опозиција, знаат да ги следат напорите и трудот, конзистентноста во ставовите и секако да го наградат оној кој што сметаат дека поседува капацитети да ги врати победничките бои на социјалдемократскиот сојуз, рече Ременски.

-Јас ниту пред ниту по мојата кандидатура немам комуникација со претседателот Зоран Заев, затоа што самите внатрепартиски избори и самата одлука на Централниот одбор на СДСМ го дава правото на секој кандидат кој ги исполнува условите согласно статутот и правилникот на партијата да поднесе кандидатура и да ја збогати токму таа внатрепартиска демократија.

Не сметав дека треба да добијам дозвола доколку имам идеја, капацитет, тим и секако разбирање за потребите на членството, рече Ременски.

Во однос на ставот на Заев дека ја поддржува кандидатурата на Димитар Ковачевски  и на неговото присуство на владини средби заедно со Заев, Ременски изјави дека не смета дека е хендикеп и неправилно тоа што тој учествувал на владините средби.

-Секој има право да има фаворит и секој има право да поддржи некого. Она што јас го очекувам е поддршка и поздрав на кандидатурите од Заев за сите кандидати, вклучително за кандидатурата на Јован Деспотовски и за мојата. Само така може да се покаже тој еднаков пристап кон кандидатите кој што треба да трчаат за лидерската позиција. Тврдам дека во социјалдемократскиот сојуз ништо не е јасно во однос на резултатите во внатрепартиските избори, рече Ременски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.