1. Сите странки во истражната постапка треба да се придржуваат кон тајноста и законитоста и на постапките што ги водат и на информациите што ги споделуваат со јавноста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 ноември, 2019 15:34

Ременски потврди дека се пронајдени документи во нејзиниот дом

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во врска со објавениот напис на Вашиот интернет портал (и други портали) под наслов “При претресот во куќата на Ременски најдени се документи, известени се надлежните институции” со други додавки, сакам да појаснам неколку работи кои се во интерес за вистинито и објективно информирање на јавноста, а во едно и да демантирам невистинити информации, стои во објавата на Ременски.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

1. Сите странки во истражната постапка треба да се придржуваат кон тајноста и законитоста и на постапките што ги водат и на информациите што ги споделуваат со јавноста.

2. Потврдата од ОЈО за одземени документи, воедно и нивниот демант за природата и тематиката на документите е еден значаен аспект од објавената вест која не смее да биде извор на идни шпекулации и лажни вести.

3. Веста во порталот е објавена во пресрет на институционална потврда по моја претставка за крајно незаконит влез и претрес во мојот дом што отвара друга сериозна димензија за законитоста во постапување на надлежните за спроведување на истражното дејствие.

4. Вмешувањето на името на мојот сопруг Јовче Ременски во контекст на објавената веста, како и до сега го сметам за крајно злонамерно и тенденциозно, ако се земе во предвид фактот дека, документи што не смееле да бидат одземени во незаконит претрес се одземени од мене – Фросина Ременски, а не од мојот сопруг, и истите не се ниту предмет на кривично дело, ниту пак потекнуваат од кривично дело.

5. Да не заборавиме дека, согласно закон, документ со кој се прикрива кривично дело, пречекорување на овластувања или други незаконски дејствија не може да биде класифициран документ.

6. Како член на собраниска Комисија за надзор над УБК и АР од 2017 година сум била иницијатор за надзори, а врз основа на добиени информации од надзори и добиени документи за злоупотреби, до денес, во вршење на служба имам поднесено неколку кривични пријави и барања за постапувања до надлежни органи, за сега без одговор. Тоа ќе се случува и понатаму.

7. Како поранешен министер и сегашен пратеник и потпретседател на Собранието од 2015 година поседувам безбедносен сертификат “Државна тајна”.

8. Неточна е информацијата во објавениот текст дека сум во куќен притвор.

За сите други прашања поврзани со овој објавен текст и мој одговор, очекувам комуникација во/со ОЈО, а не во/преку медиуми.

Фросина Т. Ременски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести