Преговорите помеѓу фудбалерот, Арон Рамзи и раководството на Арсенал за нов договор не завршија успешно и Велшанецот сигурно ќе го напушти клубот во јануари, или на крајот на сезоната.
Договорот на Рамзи истекува на крајот на сезоната, но за да потпише нов договор со тимот од Лондон раководството на клубот ќе треба да му ги исполни големите финансиски побарувања кои ги поставил играчот.
Арсенал во летниот преоден рок одбил понуда од 50 милиони фунти за Рамзи, а сега може да го загуби фудбалерот без обештетување.
Англиските медиуми пренесуваат дека Рамзи донел конечна одлука и сигурно ќе го напушти Арсенал, а ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.